Нико Розберг потпиша за Мерцедес
Германецот со финско потекло Нико Розберг идната сезона ќе вози во болидот на Мерцедес во шампионатот на Формула 1, соопшти германската екипа.
Нико Розберг

Компанијата на Мерцедес минатата недела ги купи поголемиот број од акциите на екипата на БраунГП, која оваа година ја освои титулата во конкуренцијата на конструктори и индивидуално, благодарејќи на англичанецот Џенсон Батон.
Британскиот возач притоа потпиша за МекЛарен, додека бразилецот Рубенс Баричело премина во редовите на Вилијамс.
Уште не се знае кој ќе биде вториот возач на МерцедесГП, а шефот на тимот Рос Браун ја отфрли можноста тоа да биде седумкратниот шампион во светот Михаел Шумахер.
Розберг претходните четири сезони ги помина зад воланот на Вилијамс, а најдобриот резултат во кариерата го оствари минатат година во Сингапур, каде го освои второт место. Неговиот татко Кеке во 1982-та година беше шампион во Формула 1, па раководството на Мерцедес се надева дека неговиот син ќе оди по стапките на својот татко.

{loadposition content9}