Skip to main content

Донација

ОУ „Св.Климент Охридски“ доби специјализирана подлога за гимнастика

Денеска во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков ја пушти во функција донацијата, Специјализираната подлога за физички активности, од компанијата „Ховер крафт Адриа“, која неодамна отвори погон во Охрид. Подлогата е повеќенаменска и ќе се користи за гимнастика и корективна гимнастика.
 |  инфодеск  | 
подлога донација

Специјализирана мобилна подлога за гимнастика и корективна гимнастика, како и останати спортски реквизити денес доби Општинското Основно Училште „Св.Климент Охридски“. Станува збор за реквизит кој многу ќе помогне во спроведувањето на спортските активности на часовите по Физичко и здравствено образование. Подлогата е донација на компанијата „Ховер крафт Адриа“, која неодамна отвори погон во Охрид, информираше Градоначалникот на Општина охрид Кирил Пецаков. Станува збор за инвестиција во образованието и спортот за нашите најмали, влог кој во иднина повеќекратно ќе се врати, потенцира градоначалникот.

„Во директен контакт меѓу Општина Охрид и сопствениците од Словенија успеавме врз основа на соработката да ги убедиме својата компанија да ја отворат во Охрид. За почеток ја донесе одлуката да донира две специјализирани подлоги , ја изразувам мојата благодарност и порачувам и другите компании да го следат нивниот пример“.-изјави градоначалникот Пецаков.

Пецаков посочи дека Лолкалната самоуправа ќе продолжи да се грижи за образованието и развојот на децата, најавувајќи дека вакви подлоги ќе се набават за сите училишта во Охрид. Набавени се голем број реквизити за спорт, а неодамна беше пуштено и повеќенаменското игралиште. Јордан Пуроски, Директор на училиштето, кажа дека станува збор за еден вид безбеден спортски реквизит кој сега гимнастиката ќе ја направи поблиска и побезбедна за сите ученици.

донација

„Ваков искрено досега не сме имале безбеден за учениците да можат да вежбаат гимнастика. Порано гимнастика се работеше со учениците кои имаа афинитети и поразвиена моторика. Но со овој душек, се надеваме дека можност ќе имаат сите ученици да ги пробаат тие работи.“ – изјави директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

При крај е опремувањето за училницата по информатика, која ќе биде ставена во функција од наредната учебна година, за која се набавени 20 компјутери, рече Пуроски. Тековно, за време на летниот период ќе се заврши со бојадисување на ѕидовите на целото училиште.