Јапонската компанија „I space“ изгуби контакт со своето вселенско летало непосредно пред да слета на Месечината и рече дека мисијата изгледа дека не успеала.
Комуникацијата со леталото беше прекината синоќа кога се спушташе во последните 10 метри со околу 25 километри на час. Контролорите на летот немо гледаа во нивните екрани во Токио како што поминуваа минутите без вести од леталото. Претпоставката е дека се урнал.
“Мораме да претпоставиме дека не можевме да го завршиме слетувањето на Месечината”, рече Такеши Хакамада, основач и извршен директор на i-space.
Доколку леталото слеташе, таа компанија ќе беше првата приватна компанија која успешно испратла вселенско летало на Месечината.
Само три влади успешно ги испратија своите вселенски летала на Месечината – поранешниот Советски Сојуз, САД и Кина. Израелска непрофитна компанија се обиде да слета на Месечината во 2019 година, но нејзиното летало беше уништено при слетувањето.