Skip to main content

Екологија

Законите се добри, потребна е нивна имплентација на терен

Претставниците на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО, пристигнаа во Охрид. Велат, потребно е едно раководно тело и акција на терен.
 |  Голабовски Крсте  | 
Охридско Езеро

Експанизјата на дивоградбите, екологијата со акцент на состојбата на Студенчишкото Блато и Урбанистичкиот план вон населено место Горица Север, точки од интерес на разговорите на денешната средба помеѓу преставниците на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО со Градончаланиците на Општините Охрид и Дебрца. Градоначалникот Кирил Пецаков задоволен од средбата. Кон крајот на годинава, во месец декмври, следува сличен ваков состанок, врз основа на извештајот кој треба да биде изготвен по она што ќе го увидат делегациите на терен во следниве неколку денови, а ние како Општина ќе добиеме дополнителни мерки и препораки за спроведување, кажа Пецаков.

„Позитивно гледаат на тоа како би се развивале, односно, како би постапувале по мерките и препораките за заштита на Охрид и Охридскиот регион. Јас како градоначалник и локалната самоуправа сме спремни да работиме на тие препораки и мерки коишто ги имаме и по дополнителните кои ќе ги добиеме од декември натака.„Овој извештај буквално од терен, на лице место, ќе доведе до некакви заклучоци, кои ќе донесат нови мерки и препораки, кои ние како општина, во декември ќе ги дефинираме, а она што ќе можеме претходно да го започнеме, да го започнеме“, – бјасни Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.

Мисијата, предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција Микаел Путиерс, во текот на денешниот и утрешниот ден планирано е да ги посетат НП „Галичица“, општините Охрид и Струга, а ќе спроведе и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје. Др. Андреј Совинц, експерт од Бернската конвенција, посочи дека Охридското Езеро е едно од последните 1000 локации на планетава, за кои грижата не е само работа за Охрид и Македонија, туку е интерес на целата меѓународна заедница. Совинц посочи дека законски решенија имаме, но ова се проблеми кои не се решаваат во канцеларија, со донесување на законот, со негово ставање на хартија. Потребна е негова имплементација, потребна е акција на терен. И самото донесување на планот не е решение. Планот треба да се имплементира на терен, подвлече Совинц.

„Првото прашање се дивоградбите. Тоа што се случува овде, на овој простор, не би требало да се случува, на едно пдрачје кое има толку големи вредности. Слушнавме дека оваа власт ќе се погрижи да запре тој процес и да се направи она што е потребно за да се реши проблемот со некои нелегални објекти. Второто прашање беше прашањето за управување со езерото кое сега стана е прогласено за споменик на природата. И слушнавме што е многу важно на национално ниво, дека Општина Охрид не само што ќе управува тука од овие простории (канцеларии), и да става важни напомени на хартија, туку да размислува конечно да дојде до управување и на терен. И со ренџери, онака како доликува да се управува со вистинско заштитено подрачје. Тоа е многу важно“, рече Др. Андреј Совинц, – експерт од Бернската конвенција.

Во врска со зачувувањето на Студенчишкото Блато, Совинц, кажа дека на ова подрачје му се заканува исчезнување за неколку години ако веднаш не се започне со мерки. Треба да се отстранат сите објекти во тој дел, дури и оние од времен карактер, да се воспостави врската со езерото, а изградба на марина во Студенчишкиот канал не доаѓа во предвид, вели тој.

„Мора да знаеме дека ова подрачје, Блатото, ќе исчезно за неколку години, ако веднаш не се започне со спроведување на некои мерки. Да се отстрани се што е штетно, загадувањето, загубата на вода. Да се поврзе со езерото, зошто за неколку години ќе пресуши Блатото и мора да знаете дека бројот на туристи кои доаѓаат да ги видат птиците кои се гнездат таму ќе се зголемува. Тоа не е компатибилно со тие дивоградби кои се таму, иако се од привремен карактер. Добро да се размисли каде ќе се лоцира новата марината. Јасно е дека марина во канал кај блатото не може да се гради. Тоа не сме да се случи. Ако тоа се дозоли, тоа би бил крај за ова мочварно подрачје“, дециден е Др. Андреј Совинц, – експерт од Бернската конвенција.

На денешната средба не присуствуваше градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко. Совинц кажа дека планираат утре да се сретнат и со него и да му објаснат дека можен е развој, можен е туризам, само преку компромис и зачувување на ова културно и природно богатство. Претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите се во нашата држава во врска со отвореното досие за Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и НП Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата.