ЈП Водовод – Охрид
Утре без вода жителите на неколку улици во Охрид
Екипи на ЈП Водовод – Охрид ќе вршат поправка на уличен шибер.
Поради поправка на уличен шибер со профил ф2″, утре ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.
„На ден 27.04.2023 година (Четврток) од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: “Коста Абраш”, „Цар Самоил“, „Самоилова“ , „Петар Чауле“ и дел од „Илинденска”. “- информираат од ЈП Водовод – Охрид.


