Skip to main content

Акција за чистење на старото училиште во Долно Лакочереј

Енхелеус и младината од Лакочереј ќе го враќаат сјајот на старото училиште

Енхелеус со позитивна порака за сите жители на Лакочереј, а пред се на младите, „Да го вратиме сјајот на школото во Долно Лакочереј!!!“ Енхелеус веќе работи на проект план според кој објектот ќе биде МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР, кој младите ќе можат да го користат комплетно за свои едукативни потреби.
 |  инфодеск  | 
Училиште Долно лакочереј

На 29 април во сабота, во 11:00 часот, Здружението Енхелеус во координација со младината од Лакочереј организира акција за чистење на старото училиште во Долно Лакочереј.

„Старото школо било дел од многу генерации, како симбол за дружење, рекреација,спортски активности, едукативни собири.Сега кога ќе одите се чуствува само неговата осаменост, ја немаа таа радост, таа позитивна енергија, ги нема детските гласови, ја нема бучавата од среќа и радост кога беше школото пред одредено време дом за сите млади жители на Лакочереј.“ – велат од здружението.

Енхелеус со позитивна порака за сите жители на Лакочереј, а пред се на младите, „Да го вратиме сјајот на школото во Долно Лакочереј!!!“. Енхелеус веќе работи на проект план според кој објектот ќе биде МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР, кој младите ќе можат да го користат комплетно за свои едукативни потреби.

„Во тој мултифункционел центар ќе влезе и школата за спорт и спортски активности. За прв пат во историјата ќе имаат своја канцеларија, и ќе можат да ја користат опремената просторија со видео проектори, каде што непречено ќе го обавуваат теоретскиот дел.“ – велат од здружението.

Додаваат дека модерниот мултифункционален центар ќе биде и во насока на развување на руралниот туризам преку природното и културното наследство, од што економски бенефит ќе имаат жителите на Лакочереј.

Со нивната проектна идеа го запознале претседателот на месната заедница на Долно Лакочереј, пришто заедно се согласиле дека реновирањето и ставањето во функција на веќе руинираното школо е за доброто на сите жители на Лакочереј, а посебно на младите.