НУ Завод и Музеј – Охрид спроведува активности за реализација на проектот „Тековно одржување на античката печка“ финансиран во рамки на Годишната програма за проекти финансирани од Министерството за култура.
Античката римска печка се наоѓа на пет километри од градот Охрид, на патот за Св. Наум Охридски.
„Голем дел од локалното население не знае за оваа печка. Таа често беше оштетувана од вандали и ишарана со графити. Печката се исчисти, се премачка, се консолидира и китира. Останува уште заштитниот кров што е врз неа да се поправи и да се постави табла со што ќе се обележи.“ – информира Директорката на НУ Завод и музеј – Охрид, Катерина Велкоска.
Античката римска печка е откриена 1969 година, во 1975 год е направена за прв пат конзервација, добро е сочувана и е една од ретките во Македонија. Оваа печка е на две нивоа, од кои првото ниво служело како ложиште, додека пак, второто ниво служело за производство на тули.