Skip to main content

Народен театар Охрид

„Несфатената цивилизација“ повторно пред охриѓани

„Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Несфатената цивилизација

Гротескната комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников утревечер (петок, 28.04.2023) повторно пред охридската публика.
Народен театар Охрид ќе ја одигра претставата во ЦК „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.

Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Актерскиот ансамбл е исклучиво машки, некои од актерите ги играат и женските ликови од претставата, некои и по неколку од ликовите, па така публиката оваа ќе може да ужива во актерската игра на Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Сценографија и дизајн на рекламен материјал / Mihael Dimitrovski
Костимографија / Валентин Дамчевски
Кореографија / Bogdanovski Boris
Инспициент / Филип Ангеличин Жура
Дизајн на светло / Борис Велјаноски
Дизајн на звук и тон / Митко Серафимоски
Гардероберки / Линдита Мерко, Desa Lazoroska
Реквизитерки / Маријана Николоска, Соња Крстаноска
Сценски декоратери / Даниел Андрески, Ѓоко Китоски,Горан Георгиески.

Цена на карта 250 ден на билетарата на ЦК „Григор Прличев“.