„Најсреќниот човек на светот” на кино репертоарот на ЦК „Григор Прличев“
„Најсреќниот човек на светот”, во режија на Теона Стругар Митевска на кино репертоарот во НУЦК Григор Прличев- Охрид во деновите 3-ти мај (среда) и 4-ти мај (четврток) почеток 20.00 часот.
Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врџз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка.
Улоги: Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, Јелена Кодриќ, Ана Костовска, Николина Кујача, Лабина Митевска, Ксенија Маринковиќ, Мона Муратовиќ, Аднан Омеровиќ, Кемал Ризвановиќ, Синиша Видовиќ
Времетраење: 100 минути
Земја: Македонија, Данска, Белгија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина
жанр: Драма
Продукција: Сестри и браќа Митевски
Возрасна категорија: 12+
Цена на карта 100 денари на билетарата на ЦК Григор Прличев.