Симон Трпчевски на турнеја со Лорин Мазел
Македонскиот пијанист Симон Трпчески е дел од големата европска турнеја на Филхармонија оркестар од Лондон и легендарниот диригент Лорин Мазел, како дел од одбележувањето на 50-годишната соработка на овој престижен оркестар и маестро Мазел.

Турнејата започна во Бристол, деновиве се одржуваат концерти низ Германија (Дортмунд, Дизелдорф и Фрајбург), потоа во Луксембург, а завршува со концертот во Royal Festival Hall во Лондон на 3. декември.
Трпчески е солист во изведбата на „Концертот бр. 1 за пијано и оркестар“ од Чајковски.
Ова е втора соработка на Трпчески и Мазел, по концертот со Њујоршката филхармонија во Линколн центарот во Њујорк во 2007 година.
{loadposition content9}