Skip to main content

Едукативна, научна и апликативна соработка

Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“ и НУБ „Св. Климент Охридски“

Меморандумот предвидува заеднички активности од научен, административен и развоен карактер.
 |  инфодеск  | 
Меморандум

На маргините на Третата меѓународна научна конференција на библиотекари што се одржа деновиве на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и г-дин Рахметула Куќи, директор на Националната и униврезитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, склучија Меморандум за меѓусебна соработка.

„Oвој документ предвидува заеднички договорени активности како воспоставување на заедничка соработка и реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, реализација на едукативна, научна, апликативна соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош, организација на конференции, научни советувања, семинари и обуки, воспоставување на апликативни (софтверски) активности од взаемен карактер насочени кон подобрување на процесот на работа.“- информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.

Исто така, претставници на Библиотеката ќе можат да се вклучуваат во специјализирани предавања на факултетите на Универзитетот, а исто така наставниот кадар на Универзитетот како предавачи ќе бидат вклучени во специјализирани предавања организирани од Националната и униврезитетска библиотека.