Лео Нелоски и Иво Георгиески од ООУ „Григор Прличев“ го освоија ТРЕТО МЕСТО на Првата Национална Олимпијада за Вселената која вчера се одржа во Охрид. Олимпијадата е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, фондацијата Голдилокс, а со поддршка на Амбасадата на САД.
„Младите истражувачи Лео и Иво, ученици кои и наставните и воннаставните активности ги посветуваат на надоградба и дружба со своите врсници, на промоција на своите дела и на школото, овој пат ќе одат на големото Суперфинале кое ќе се одржи во октомври годинава, со големи шанси за пласман и патување во Америка. Нивното успешно претставување на овој престижен настан остави посебен белег кај присутните и стручниот тим на судии кои со воодушевување ја оценаа нивната тимска работа. Не постои поголема гордост од тоа кога оние на кои им даваш знаење, достојно те претставуваат не само овде… туку и на сигурен пат кон светот!“ – велат од ОУ Гигор Прличев за успехот на своите ученици.
Трите најдобри тимови, два од „Јахја Кемал“ Струга и тимот од ООУ „Григор Прличев“ Охрид обезбедија учество во финалето на Националната олимпијада за вселената, која е закажана за октомври годинава, а наградата за најдобрите ученици е патување во центарот на НАСА во САД.