Охрид од следната сезона би можел повторно да добие прволигашка кошарка, откако Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој постои само три сезони го победи Работнички 2018 со 77:58 во „мајсторката” од четвртфиналето на второлигашкиот плеј-оф и обезбеди пласман во следната фаза.
Следен противник за охридските кошаркарки ќе биде победникот од дуелот помеѓу Соколи од Штип и МКК Куманово и доколку биде помината и оваа фаза, тогаш ГКК Охрид ќе се пласира во Првата лига, без разлика од исходот во финалето, што за овој клуб ќе биде историски успех, а Охрид одново ќе има претставник во Првата кошаркарска лига.
Пласманот во полуфиналето е голем историски успех за овој млад клуб кој е на добар пат да обезбеди место во кошаркарската елита на Македонија. Охрид секогаш имал големи успеси кога е во прашање кошарката. Амак СП клуб кој повеќе не постои во 2009 година го освои Купот на Македонија, а пак Охрид АБ, исто така клуб кој повеќе не постои, беше прв учесник од Македонија во АБА 2 лигата, каде заврши на последното место на табелата.