Искршени клупи, обрасната трева и грмушки, опустошени спомен обележја, исшкртани со графити, девастирани постаменти и обезглавени бисти на великаните. Ваква е денес сликата, во светската престолнина на поезијата Струга. Наместо културно катче, Алејата на писателите е комплетно запуштено место. Нема ниту обележје дека токму овде се овековечува споменот и името на познатите културни дејци, писатели и поети.
„Поизразено е во последниве години кога имаме зачестено сквернавење на спомениците и уништување на бистите од личностите кои се значајни за македонската историја, култура и литература“ , вели Ален Деребан претседател на ВМРО ДПМНЕ Струга.
Иста е сликата и во Паркот на поезијата. Често се вандализираат и плочките на светските поети добитници на Златен венец на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
„Постојано имаме уништување и на плочите од добитниците на венците на Струшките вечери на поезијата. 0227 Ниту локалната самоуправа ниту централната власт не води никаква грижа за спомен обележјата“ , додава Деребан
Последната кражба се случи пред неколку денови, кога непознати сторители ја украдија бронзената биста на поетот Славко Јанески.
Стенд ап Во алејата на пистаелите во Струга останаа целосни само две бисти, останатите се комплетно уништени или украдени.
Од општина Струга го осудија настанот и најавија дека ќе се преземат мерки за надминување на проблемите.
Новинар Соња Рилковска