Од ЈП Национални шуми информираат дека на 28 април во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Мазатар, оддел 135, запленети се 27 борови стебла од бесправна сеча.
Запленетата количина на обло и ситно техничко дрво од бел и црн бор, во количина од 5,5м3 е транспортирана до складот на подружница Галичица. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од Национални шуми.