Skip to main content

Подмладок на ГРК Охрид

Пионерите на ГРК Охрид загубија од Аеродром и останаа без Ф-4

Пионерите на Охрид загубија од Аеродром на гостински терен со резултат од 19:16 и со тоа останаа без место на завршниот турнир
 |  инфодеск  | 
Пионери ГРК Охрид

Викендов се одиграа четвртфиналните средби во машката ракометна пионерска лига, а со тоа се познати и четирите екипи кои ќе играат на завршниот турнир.

На Ф-4 ќе играат екипите на Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Аеродром и Куманово, кои беа подобри од нивните противници.

Пионерите на Охрид загубија од Аеродром на гостински терен со резултат од 19:16 и со тоа останаа без место на завршниот турнир, Куманово беше подобар од Скопје со 18:16, Голден Арт го елиминираше Бисимов Велес со 25:21, а пак Еурофарм Пелистер со 20:18 го доби Мулти Есенс.

Натпреварите од фајналфорот ќе се одиграат следниот викенд, а организаторот на истиот, како и полуфиналните двојки ќе биде дополнително познати.