Skip to main content

УЕФА за развој на женскиот младински фудбал

Женскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ доби спортска опрема од ФФМ

Опрема која се состои од комплет дресови и тренерки за фудбалерките и тренерите добија екипите од Прва и Втора ЖФЛ и младинските и кадетските женски лиги.
 |  инфодеск  | 
Опрема за женскиот фудбалски клуб

Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, а согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V” програмата, доби нова спортска опрема.

Во просториите на „Куќата на фудбалот“, покрај ЖФК Билјанини Извори од Охрид, опрема добија уште 20 екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората женска фудбалска лига, како и оние во младинските категории.

Новата спортска опрема е голема помош и поддршка за женските фудбалски клубови, а со цел поголем развој на женскиот фудбал во Македонија.

ФФМ подели опрема која се состои од комплет дресови и тренерки за фудбалерките и комплет опрема за тренерите од Прва и Втора ЖФЛ и младинските и кадетските женски лиги од организираниот систем на натпреварувања на ФФМ.