Skip to main content

ТУИ

Од 16-ти мај стартуваат холандските тури во Охрид

Од Амстердам за Охрид преку тур операторот ТУИ во шпицот на сезона од јуни до август ќе има шест летови неделно.Годинава за прв пат организирано преку тур операторот ТУИ ќе доаѓаат и туристи од Англија.
 |  инфодеск  | 
Холандски туристи

Од дванаесет до 15 илјади холанѓани и оваа сезона ќе летуваат на брегот на Охридското Езеро. На 16 мај пристигнуваат првите туристи од Холандија. Од Амстердам за Охрид преку тур операторот ТУИ во шпицот на сезона од јуни до август ќе има шест летови неделно. Тие се веќе традиционални гости кои остануваат во градот од седум до 14 денови.

„Ќе имаме по шест летови неделно, очекуваме добар наплив на холандски туристи,тие врпочем се повеќе години во нашиот град, задоволни се и имаат убав престој овде. Морам да напоменам дека тие гости кои доаѓаат се со подолг престој“, вели Челик Асим од туристичката агенција партнер на ТУИ.

Годинава за прв пат организирано преку тур операторот ТУИ ќе доаѓаат и туристи од Англија.

„ Морам да напоменам дека оваа година како новитет како организиран туристички производ ќе имаме и гости од Велика Британија, некој ќе рече да тие доаѓаа и минатата година, да точно е , меѓутоа не летаа со директен чартер од ТУИ. Оваа година како новитет имаме чартер организиран од ТУИ Велика Британија кој што ќе лета два лета неделно од Лутон за Охрид а со тоа можеме да забележиме во нашиот град и повеќе англичани“, вели Асим.

Туристите најмногу се задоволни од храната, богатата култура и историја на Охрид и гостопримството на домаќините, а најчесто забалежуваат на квалитетот на понудата и инфраструктурата.
Новинар Соња Рилковска