Одбојкарките на Работнички-Жени се старо-новите шампионки на Македонија, откако во финалната серија со конкурентот Јанта Волеј од Скопје беа подобри со 3:1 во победи.
Четвртиот натпревар беше повеќе од драматичен и траеше повеќе од два часа. Работнички беше фаворит, но Јанта Волеј не се предаде така лесно. Дуелот заврши со резултат од 3:2 во сетови за одбојкарките во „црвено-белите” дресови.
Втора година по ред Работнички ја обединува двојната круна во македонската женска одбојка, а во својата клупска историја, ова е шеснаесеттиот пехар за Работнички.