Skip to main content

Центар за јавно здравје Охрид

Превентивна дезинфекција на апартмани и соби во пресрет на туристичката сезона

Станоиздавачите во Охрид и Струга, да се обратат до Одделението за Епидемиологија при ЦЈЗ Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот.
 |  инфодеск  |  ,
ЦЈЗ дезинфекција

Во пресрет на претстојната туристичка сезона, од Центарот за јавно здравје Охрид, а во рамки на своите законски надлежности и овластувања, ги потсетуваат и повикуваат давателите на угостителски услуги во станови/куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга, да се обратат до Одделението за Епидемиологија при ЦЈЗ Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

ЦЈЗ дезинфекција

„Центар за јавно здравје Охрид за станоиздавачите подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите), за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања. “ – велат од ЦЈЗ Охрид.

За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид или на телефоните 046 231030 и 070 723029.