Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. донесена со Одлука бр.08-17370/41 од 22.12.2022 год. и Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. донесена со Одлука бр. 08-5339/3 од 11.04.2023 год., Записник од Комисија за утврдување фактичка состојба на лице место бр. 15-5357/1од 04.04.2023 година, како и врз основа на член 4 од Oдлуката бр.08-5339/5 од 11.04.2023 год. за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на општина Охрид за периодот 2023-2026 год.(„Службен гласник на општина Охрид“ бр. 05/23), а во согласност со Одлуката бр.08-5339/4 од 11.04.2023 год. за утврдување на почетна цена за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации („Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 05/23), донесени од Советот на Општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2023 за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на подрачје на општина Охрид за период 2023-2026 годинa.`
Предмет на овој оглас е добивање право за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на подрачје на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање за период 2023-2026 година.
Местоположбата и бројот на покриени и непокриени шанкови со локации се утврдени во Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана
опрема во општина Охрид за 2023 год. донесена со Одлука бр. 08-5339/3 од 11.04.2023 год.(„Сл.Гласник на општина Охрид“ бр.05/23) чиј составен дел се графичките прилози за секоја локација.
Шанковите кои ќе се поставуваат треба да бидат лесно монтажно демонтажни и изработени од природни материјали (дрво или имитација на дрво) кои ќе се вклопат во околината, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот, во градското подрачје на Охрид, како и надвор од градот на подрачјето на Општина Охрид. Предметот на јавниот оглас претставуваат 14 локации на кои ќе се поставува предвидената урбана опрема чија местоположба со површина на секоја локација е прикажана во графичките прилози на Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год.
Секоја локација претставува посебен предмет на јавно наддавање.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниот оглас.
Јавниот оглас трае до 15.05.2023 година, најдоцна до 13.00 часот.
Правото за поставување на урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на општина Охрид се определува за период од 3 (три) години (2023-2026 година), односно 3 (три) години од денот на добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема.
Доколку во периодот за кој се издаваат локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема се донесе посебна урбанистичка документација со друга намена, општина Охрид го задржува дискреционото право да пристапи кон раскинување на склучените Договори за условите и начинот на користење и одржување на добиените локации и пред истекот на периодот од 3 (три) години, по што закупецот на просторот за поставување на урбана опрема ќе биде должен на свој трошок да ја отстрани истата.
Јавниот оглас ќе го најдете на ЛИНKОТ.
Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на телефон> 046/262-492/493 локал 130 /електронска адреса: urbanaoprema@ohrid.gov.mk.