Skip to main content

Центар за развој на Југозападниот плански регион

Реконструкција на кровот на општинската зграда и спомен собата на НОБ во Дебрца

Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во Југозападен плански регион и искористување на обновливи извори на енергија“, ги заврши активностите за реконструкција на кровот на општинската зграда на Општина Дебрца како и спомен собата на НОБ во Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Општина Дебрца

Заврши реконструкцијата на општинската зграда на Општина Дебрца. Изминатиот месец, во овој објект, се изврши целосна реконструкција на кровната конструкција и кровниот покривач како и изолација на самиот кров. Во рамки на општинската зграда, се реконструираше и Спомен собата на НОБ од Дебрца. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека 729.544 денари од буџетот на Општина Дебрца. Активностите беа дел од регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во Југозападен плански регион и искористување на обновливи извори на енергија“,

Во рамки на истиот проект, активности се одвиваат и во другите општини и тоа во Општина Македонски Брод – реконструкција на општинската зграда, Општина Пласница – реконструкција на фасада и кров на ОУ „Јунус Емре“ во с.Лисичани и Општина Кичево – инсталација на 6 фотоволтаични системи во 6 јавни објекти од по 20 kW. Исто така, во текот на месец мај ќе почнува и реализација на активности и во два други општини и тоа во Дебар – реконструкција на фасада и столарија на ОУ „Саид Најдени“ и во Општина Струга – реконструкција на фасада и столарија на две училишта и тоа ПОУ „Бафтјар Бануши“ и „Св.Климент Охридски“.