ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ домаќин на јубилеен државен натпревар
Во наредните два дена Електромашинскиот училишен центар Св.Наум Охридски во Охрид, ќе биде арената на докажување на стекнатите знаења во електротехничките, машинските и сообраќајните стручни училишта од државава. Стотина деца од трета година од седумнаесет средни стручни училишта заедно со своите ментори ќе ги бранат боите на своите училишта и ќе се натпреваруваат за тутлата најдобар од најдобрите во своето звање.
Стотина деца од трета година од седумнаесет средни стручни училишта од Македонија, во наредните два дена ќе се натпреваруваат во стекнатите теоретски и практични знаења и вештини во електротехничките, машинските и сообраќајните струки, на четириесеттите по ред Државни натпревари кои се одржуваат во ОЕМУЦ Св.Наум Охридски во Охрид. Пред денешниот теоретскиот дел од испитот кај натпреварувачите возбудата голема.
„Чест ни е да сме домаќини на 40-те државни натпревари. Се подготвував подолго време и очекувам убави резултати. Имавме зададени три вежби и на денот на натпреварот се избира една која ние ќе ја обработуваме.“ – вели Ана Новеска – III година Електротехничар за компјутерска техника и автоматика-ОЕМУЦ Св.Наум Охридски во Охрид.
„Ќе се натпреварувам во струката за техничар за транспорт и шпедиција. Се подготувам уште кога дознав за резултатите од училиштните тестови за државен натпревар, се надевам дека ќе оставриме соилден успех. Од нашата струка нема задача практична, ќе решаваме задачи за транспортни трошоци, со различни видови на пресметување на превознина во сообраќајот.“ – изјави Стефан Мицевски – III година СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп.
За прв пат годинава натпреварите се однесуваат на учениците кои реализирале настава во дуалното образование, објасни директорот на Центарот Сашо Недески. Комисија од Центарот за стручно образование и обука се грижи за регуларноста на испитите, како три факултетски професори од сите струки во кои ќе има натпревари.
„Оваа година за прв пат после подолг период натпреварите траат два дена. Првиот ден е теоретскиот дел од натпреварот а вториот ден практичниот дел, каде поените што ќе се освојат и од теоретски и од практичниот, комисиите ќе ги соберат поените и ќе се одредат победниците.Долги години ваков тип на натпревар не сме имале, пред 15 години прекина оваа пракса, годинава еве ние сме во се пионери. Почеток на дуално образование, од Охрид па и на натпреварите дводневни од Охрид.“ -кажа Сашо Недески – директор ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.
На отварањето на натпреварите, Градоначалникот Кирил Пецаков посочи дека ова училиште е еден од позитивните примери каде успешно функционира системот на дуално обраозвание како еден вид јавно приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите.
„Горди сме што токму Охрид и нашиот Општинскиот електромашински училишен центар „Свети Наум Охридски“ се домаќини на ова јубилејно издание. Ова училиште е еден од позитивните примери, каде што веќе успешно функционира системот на дуално образование. Напредокот на општините во современи услови неможе да се замисли без локален економски развој. А успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности. И инвесетирање. Еден од најважните предуслвои за развој на индустријата и бизнисот е квалификуван и стручен кадар кој може продуктивно да одговори на потребите на пазарот за рабготна сила. Можностите за вработување, добрите и платени работни места се предуслов младите да може да ја гледаат својата иднина тука.“- Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.
Компанните преку овој дуалното образование добиваат квалификуван кадар со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани дирекно во компаниите и во реални работни околности.