Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29 април до 2 мај учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија. Нашата репрезентација имаше одличен настап, а тоа се потврдува со освоеното второ место на контролниот турнир.
На првиот натпревар Македонија загуби убедливи од домаќинот Италија со високи 5:0, но веќе во вториот меч се поправи нашата репрезентација, па забележа триумф од 2:1 над Босна и Херцеговина со погодоците на Ева Величковска и Анастасија Илиевска.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, на меѓународниот контролен турнир во Италија ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Мартина Силјаноска (Атлетико), Ведрана Комненова (Скопје);
Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Мина Ковачевска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Јована Павловска (Деспина), Јована Петровска (Атлетико);
Среден ред: Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Деспина), Ива Јосифова (Тиверија), Ева Величковска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);
Напад: Ана Боризоска (Деспина), Настасја Накова (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Сара Дика (Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (Скопје);