Skip to main content

Прва македонска фудбалска лига

Струга се подготвува за прослава, во недела може и официјално да стане шампион

До крајот од домашниот шампионат остануваат уште три кола, а Струга веќе в недела може и математички да ја обезбеди титулата. Викендов се игра 31. коло, а Струга на домашен терен ќе игра против Силекс од Кратово.
 |  инфодеск  | 
Струга Трим Љум

Струга Трим Љум веќе в недела може да стане нов шампион во Првата македонска фудбалска лига.

До крајот од домашниот шампионат остануваат уште три кола, а Струга веќе в недела може и математички да ја обезбеди титулата. Викендов се игра 31. коло, а Струга на домашен терен ќе игра против Силекс од Кратово.

Струга е лидер на табелата со 59 бодови, има пет повеќе од Шкендија која е втора со 54 бодови и седум повеќе од актуелниот шампион Шкупи, кој е трет со 52 бодови.

За Струга во недела и официјално да стане шампион, најпрво ќе треба да го победи Силекс на домашен терен, а потоа да чека пораз на Шкендија од Шкупи на Чаир, или пак тетовци да ремизираат со „гулабите”, во таков случај екипата предводена од Шпетим Дуро ќе може веќе в недела да започне со славје на шампионската титула на две кола до крајот.

Тоа ќе значи дека на 7. мај во Струга ќе се подготвува голема прослава за историската титула, а бидејќи Струга е во големото финале од Купот на Македонија, може да се случи дополнителна фудбалска сензација во овој град, со оглед на тоа што Струга Трим Љум ќе стигне до историска двојна титула.