На 29.4.2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по физика. На натпреварот учениците од Гимназијата Св Климент Охридски успешно го претставија своето училиште и градот.
Од прва година Дарио Павлески –II награда, ментор Виолета Никовска.
Од трета година Горазд Блажески – пофалница, ментор Димитрија Паункоски.
Од четврта година Ева Китрозоска – II награда и Кристијан Шишкоски – III награда, ментор Јасмина Јанева.
На Републичкиот натпревар успешно учество имаа: Горазд Тримчев ,Илија Волканоски и Софија Ставрева од прва година и Константин Лушевски од трета година.