Skip to main content

ОЕМУЦ Св Наум Охридски- Охрид

Одлична презентација и награди за ЕМУЦ на образовното рандеву МАССУМ

Учениците од Локална младинска организација на ОЕМУЦ освоија голем број награди во категориите: најдобар штанд, веб страна, фотографија пинг понг, јавно говорење.
 |  инфодеск  | 
ЕМУЦ н МАССУМ

Ученици од Електромашинскиот училиштен центар Св „Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на традиционалното образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија), кое вчера се одржа во Гостивар.

Учениците од Локална младинска организација на ЕМУЦ освоија голем број награди и тоа:

  • Најдобар штанд во кој учествуваа учениците:
    Тамара Демир, Селма Ислами, Даниел Котоски, Дејан Ѓуклески, Леонтина Петкоска, Марија Илоска, Антонио Шулески, Горазд Јованоски, Мирсад Шеј, Мухамед Асан, Арсениј Ѓоршески, Џенис Асаноски, Ангел Крстески, Ана Спироска, Ана Атанасовска, Лука Доленц, Георги Прензоски, Љуман Бајрам, Даниел Ковачески, Филип Атанасов, Христина Ристоска, Климент Маријаноски и Филип Гугоски, под менторство на координаторката на ЛМО при ЕМУЦ, Ирена Ралева-Најдевска, го освоија првото место;
  • Во категоријата најдобра веб-страница учество зедоа: Ана Новеска, Бојан Иловски, Александар Трпески, Владимир Смилески, под менторство на професорката Александра Настеска-Николоска, го освоија првото место;
  • Во категоријата најдобра фотографија, ученикот Марко Апостолоски, под менторство на професорката Билјана Божиноска, го освои првото место;
  • Во категоријата најдобра видеореклама учествуваа: Бобан Кочески, Ален Бајрам, Иво Јовчески, Димитар Димоски, под менторство на професорот Ацо Вретоски и освоија второ место;
  • Во категоријата пинг-понг учествуваше Климентина Модева, под менторство на професорот Валентино Костадиноски и го освои третото место;
  • Во категоријата јавно говорење учествуваше ученикот Бобан Кочески, под менторство на професорката Билјана Божиноска и го освои првото место;