Skip to main content

Врсничко насилство

МОН отвори електронски адреси за пријавување врсничко насилство

Целта на оваа иницијатива е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена, велат од МОН.
 |  инфодеск  | 
Врсничко насилство

Министерството за образование и наука (МОН) отворени посебни електронски адреси каде ќе може да се пријавува врсничко насилство. Целта на оваа иницијатива е да се превенираат несакани настани како оние што ја потресоа соседна Србија во изминатите два дена, велат од МОН. Во престрелката во српскиот Младеновац загинаа 8 лица а ранети се 14.

Престрелката во Младеновац се случи еден ден по повеќекратното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кај Врачар, во кое 13-годишник уби девет, а рани седум ученици и вработени. Убиени се осум ученици и еден чувар, а ранети се шест ученици и професори.

Македонскиот Министер за образование и наука Јетон Шаќири ветува дека по секоја пријава на „prijavinasilstvo@mon.gov.mk“ и „paraqitdhune@mon.gov.mk“ веднаш ќе се постапува.