Skip to main content

ОВР Струга

ОВР Струга со мерки за физичко и сообраќајно обезбедување на струшката литија

За време на одржувањето на литијата, во периодот од 16 до 19 часот, забрана за сообраќај ќе има на улиците „Пролетерски бригади” и „15 корпус” .
 |  инфодеск  | 
Струга

Во пресрет на верската манифестација ЕОРДИЈА-ЛИТИЈА, што во чест на празникот „Св. Георгиј Победоносец” утре ќе се одржа во Струга, ОВР Струга ги презеде сите неопходни безбедносни мерки за непречено одвивање на црковната процесија.
Ќе бидат спроведени безбедносни мерки за физичко и сообраќајно обезбедување на настанот, по улиците и сообраќајниците низ градот.

За време на одржувањето на литијата, во периодот од 16 до 19 часот, забрана за сообраќај ќе има на улиците „Пролетерски бригади” и „15 корпус” од каде, ќе се врши пренасочување на сообраќајот по другите улици. Истовремено, ќе се врши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи” како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија.

ОВР Струга апелира до верниците на достоинствено одбележување на овој црковно-верски настан и доследно придржување и почитување на насоките на полициските службеници.