УХМР
Сончево со умерена облачност денеска во Охрид
Попладне нестабилно со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Максималната дневна температура до 22 степени.
Времето во Македонија денес, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна до 22 степени.
Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.


