Skip to main content

Машка ракометна суперлига

ГРК Охрид слави голема победа над Пролет во борба за влез во Европа

Охрид има шанси да го освои четвротото место и да излезе во Европа, но на момците на Андоновски во последните две кола им доаѓа Еурофарм Пелистер на домашен терен и неизвесниот Бутел Скопје на гости.
 |  инфодеск  | 
ГРК Охрид-Пролет

Ракометарите на Охрид забележаа висок и важен триумф над екипата на Пролет на домашен терен со 28:19, победа со која охриѓани сериозно остануваа во трката за влез во европските купови.

ГРК Охрид одигра одличен натпревар и на полувреме имаше три гола предност (12:8). Во вториот дел охридските ракометари тргнаа со една цел – триумф и радост кај домашната публика.

Разликата во второто полувреме растеше за ГРК Охрид, откако направи серија погоди за водство од 16:8, со што веќе беше најавена победата. До крајот домашните ракометари рутински го одиграа натпреварот за конечни 28:19.

Најдобар во редовите на Охрид беше Дејан Шешиќ со шест погодоци, додека пак по пет постигнаа Даниел Андоновски и Владимир Бојаниќ. За екипата на Пролет најдобар беше Ласко Андоновски со пет гола.

Охрид е на петото место на табелата со 15 бодови, а пак Тиквеш со денешниот триумф над Еурофарм Пелистер 2 на своето конто има 17 бодови и се наоѓа на четвртото место.

ГРК Охрид има шанси да го освои четвротото место и да излезе во Европа, бидејќи момците на Горан Андоновски во последните две кола играат со Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, додека пак Тиквеш ќе игра со Еурофарм Пелистер и Вардар.