Skip to main content

Државен архив – Подрачно одделение Охрид

Архив Охрид: Наум Џуклески и првото училиште во Лескоец

Архивот постојано настојува да се збогатува со нови приватни и семејни фондови, кои сведочат за животот и дејствувањето на личности кои оставиле траен белег во колективната меморија на градот.
 |  инфодеск  | 
архив Охрид

Архивот Охрид како регионален за повеќе општини, а во склоп на Државниот Архив се залага за откривање и публикување на личности кои имале големо значење низ минатото. Архивот постојано настојува да се збогатува со нови приватни и семејни фондови, кои сведочат за животот и дејствувањето на личности кои оставиле траен белег во колективната меморија на градот.

„Еден од многуте е и Наум Џуклески, којшто од денешна перспектива има огромно историско значење. Според усмените и писмените сведоштва особено од с. Лескоец, Охрид, Наум Џуклески со неговото несебично залагање бил значаен во благородната мисија и при воспоставувањето на првото училиште во с. Лескоец. “ – велат од охридскиот архив.

Посочуваат дека Џуклески, меѓудругото, со голема радост отстапил и дел од неговата куќа кадешто живеел со своето повеќебројно семејство, а со цел непречено да започне со работа училиште каде што ќе се едуцираат мадите генерации на с. Лескоец. Исто така во неговиот дом го сместил и учителскиот кадар.

„Се со цел да не се заборави историјата за овој деец а и многумина такви, Архивот Охрид започнува со акција за изнаоѓање на метријали и давање на поддршка во афирмацијата за ликот и делото на Наум Џуклески но и многумина други кои на свој начин допринеле за подобро утре.“- велат од Архивот.

Очекуваат поддршка од сите заинтересирани граѓани за предавање на архивски материјал за значајни локални дејци од општините под покровителство на Архивот Охрид. Под архивски материјал се подразбира лични документи, фотографии, мемоарски записи, белешки, ракописи, преписки и др., кој може да биде пишуван, цртан, печатен, фотографиран, филмуван, аудиовизуелизиран, механографиран, електронски, дигитално или забележан на друг начин.