Skip to main content

Општа болница Охрид

Одблокирана сметката на охридската Општа болница

„Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел.“-изјави Асен Шајн, директор на Општа болница – Охрид.
 |  инфодеск  | 
Општа болница

По скоро две години со намалување на долгот за речиси еден милион евра, одблокирана сметката на Општата болница во Охрид. Финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата , трпеливоста на добавувачите и домаќинското работење на менаџментот на установата, доведоа до решавање на овој проблем и враќање во нормала на функционирањето на болницата, кажа директорот на болницата Асен Шајн.

„Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел. Ова е многу важно, бидејќи охридската болница е регионален центар, каде преку летото бројот на пациенти се зголемува за една третина, бидејќи Охрид е туристички центар и во него престојуваат голем број домашни и странски туристи на кои мораме да пружиме квалитетни здравствени услуги“ – изјави Асен Шајн, директор на Општа болница – Охрид.

Во изминатите 8 месеци во болницата се вработени 32 лица од кои најголемиот број се медицински кадар, меѓу кои се 10 лекари. Ваквите кадровски засилувања се очекува дополнително да придонесат за зголемување на квалитетот на услугите.

„После подолг временски период од Општа болница Охрид се испратија 9 нови доктори на специјализација. Со ова почнуваме да правиме планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, како што е педијатрија, анестезиологија, инфектологија и ќе продолжиме со праќање на нови доктори на специјализација во перидото што претстои“, истакна Шајн.

Со оглед на тоа што во изминатите децении во болницата имаше недостиг од доктори специјалисти охрабрува најавата дека до крајот на годинава на специјализација ќе бидат упатени уште 10 млади лекари.