Општина Охрид
Се асфалтира улицата „Пирин Планина“
Асфалтираната површина изнесува околу 1300 метри квадратни.
Денеска започнаа активностите за асфалтирање на улицата „Пирин Планина“.
Изведувач на асфалтирањето е АД „Илинеден“, а активностите се во рамки на годишната програма за асфалтирање на пристапни улици и патишта. Асфалтираната површина на улицата „Пирин Планина“ изнесува околу 1300 метри квадратни.


