Skip to main content

Образование и безбедност

Ќе се забрани ли TikTok во училиштата?

Министерството за Образование размислува за воведување забрана на ТikТок мрежата во училиштата, моментално се прави проценка на ризиците.
 |  Голабовски Крсте  | 
TikTok

Министерството за образование и наука деновиве спроведува интензивни разговори со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата во училиштата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Министерот за образование Јетон Шаќири.Министерот рече дека, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на Тик-ток, со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР,а потоа ќе се вклучат и лица од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација. Шаќири нагласи дека треба и сите институции да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, секторите за образование по општини.

„Ако можеме од институциите за информатика да имаме конкретни ограничувања во начинот на отворање, внесување податоци, ќе ги разгледаме сите можности.„ Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот, психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи“, – обасјни Јетон Шаќири – Минисер за образование и наука.

Зајакнување на системот на контрола во образовните институции, подигнување на степенот на образование и зајакнувањето на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата, би помогнало многу во спречувањето на состојби за кривична одговорност кај малолетници. Не можеме да го запраме развојот на технологијата и на општеството, но мора да создадеме услови кои ќе гарантираат безбедност во таква фаза на развојот на технологијата, објасни министерот. Но потребно е и родителите да преземат сериозна одговорност во контролата на децата, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Сметам дека кога се работи за безбедноста, сите опции кои што ќе ја подобрат безбедноста вреди да се размисли за нив и да бидат прифатени. Така да јас лично сметам дека треба да ни зајакне системот на контроола внатре во институциите, во образовните институции, подигнување на степените на образование и воспитание. Зајакнувањето на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата, би помогнало многу во процесот да не дојде до подобрување на состојбите.„Како родители, секој од нас има една сериозна одогвоорност во овој дел. Да размислиме сериозно дали кога е границата во којашто ние ќе дозволиме децата да имаат паметни телефони, пристап до интернет, зошто сепак гледаме дека таквиот пристап на сите нас како граѓани допринесува децата да им дадеме т.н. оружје во раце со тој пристап до тие социјални медиуми интернет итн“, – вели Оливер Спасовски – Министер внатрешни работи.

Од министерството за образование најавија дека ова се првичните активности, а од новата учебна година ќе има и конкретни протоколи.