Општина Охрид објави јавен оглас за добивање право за поставување на реклами на урбана опрема – автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за периодот 2023-2028 година.
Локациите и бројот на автобуските постојки на кои ќе се поставуваат реклами се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема бр.08-17370/42 од 22.12.2022 година.
Локациите за поставување на реклами на урбана опрема-автобуски постојки се вкупно 15 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Бул.Туристичка, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Гоце Делчев.
Деталната местоположба на автобуските постојки може да се види од графичкиот прилог кој е составен дел на Јавниот оглас.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица кои ги исполнуваат условите утврдени со јавниот оглас.
Јавниот оглас трае до 19.05.2023 година (петок) најдоцна до 10:00 часот.
Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на телефон>046/262-492/493/ електронска адреса: komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk
ЈАВНИОТ ОГЛАС, графички приказ на локациите и потребни документи можете да погледнете ТУКА.