Skip to main content

Случај Веапоска

Со исказ на дежурната акушерка продолжи судењето за родилката од Дебар

Со сослушување на дежурната медицинска сестра акушерка во струшката болница, денеска продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која во август 2020 година при породување остана без три органи. На обвинителната клупа се тројца лекари гинеколози, поранешниот директор на струшката болница Мухамед Асани, неговиот син блертон Асани и третообвинетата докторка Лилјана Јованоска.
 |  инфодеск  | 
судење Веапоска

Со сослушување на единствениот повикан сведок, медицинска сестра од општата болница Струга денес продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која во август 2020 година при породување остана без три органи. Акушерката Сарита Пешиноска раскажа дека родилката Јилдаз Веапоска се жалела на болка, но сакала да си оди од болницата. Дежурната докторка Лилјана Јованоска, денес третообвинета , не ја пуштала туку направила анализи и го повикала првообвинетиот доктор, па родилката ја внеле на повторна операција во сала.


Веапоска за медиумите рече сакала да си оди за да бара помош во друга болница, бидејќи имала големи болки. Таа денес го повика министерот за здравство да се заложи за случајот и да им ги одземе лиценците на обвинетите лекари.

„Го повикувам министерот за здравство како што ги гледа сите случаи за анестезиологот, за Јана, за малото бебе , да има слух и за мојот случај да реагира до лекарската комора да побара одземање на лиценците на овие лекари што ми го направија ова“ вели Јилдаз Веапо


На следното рочиште ќе бидат сослушани судските вештаци од Институтот за судска медицина. Според адвокатот на оштетената, тоа ќе бидат клучните сведоци кои ќе ја расчистат дилемата што се случувало за време на оперативниот зафат.

„Тука ќе има малку тактика бидејки одбраната има доставено свои вештачења, кои се косат со вештачењата на судска медицина. Тука предвидлив исход на одлуката на судот еќе биде да се обезбеди супер вештачење , кое што ќе ја обремени постапката но ние сме подготвени и за тоа бидејчи знаеме што се случувало за време на операцијата“,изјави Сашо Јанев, адвокат на оштетената.

Д-р Мухамед Асани е поранешен директор на Струшката болница, а беше разрешен токму поради овој случај. Второобвинетиот е неговсин Блертон Асани како лекар-специјализант по гинекологија, а третообвинета е докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. При укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без матка, јаници и бубрег.


На првото рочиште обвинетите кажаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.


Новинар Соња Рилковска