Kајакарска регата на Црн Дрим
Спортскиот клуб Соларис организира аматерска кајакарска регата во Струга
„Спорт за сите” на 21. мај (недела) кајакарска регата на Црн Дрим.
Спортскиот клуб „Соларис” организира кајакарска регата за аматери во Струга.
Трките ќе се одржат во Дрим на потегот од „Мезе-бар Кингстон” до дрвениот мост во должина од 100 метри, како што информираат организаторите, единствен услов за учество е натпреварувачот да не е активен спортист.
„Следејќи го концептот „Спорт за сите” на 21. мај (недела) организираме кајакарска регата за сите. Критериум за учество е натпреварувачот да не е активен спортист. За тоа обезбедуваме стабилни аматерски кајаци и елеци за безбедност. Трките ќе се одржат во Дрим на потегот „Мезе-бар Кингстон” до дрвениот мост во должина од 100 метри. Пријавување во порака на фејсбук страницата на Спортскиот клуб Соларис”, велат организаторите на овој спортски настан.


