Комунален развој, улици и патишта
Се крпат ударни дупки на улиците низ Охрид
За санација на коловозите од удрани дупки и прекопи од општинскиот буџет издвоени се 3 милиони денари.
Во рамки на годишната програма за санација и асфалтирање на улици и пристапни патеки, започнаа активностите за крпење на ударните дупки и санација на прекопи на улиците на територија на општина Охрид.
Вредноста на оваа програма изнесува 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


