Skip to main content

Образование

На конец виси полагањето на државната матура

Со тоа и запишувањето на идните студенти на високо образовните институции. Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар продолжува.
 |  Голабовски Крсте  | 
Тест

Штрајкот на дел од вработените во Државниот испитен центар продолжува, а само чудо може да го врати спроведувањето на државната матура и запишувањето на матурантите на факултетите во законски определниот прв испитен рок, по денешната средба со вицепремиерот за економски прашања и после двата несупешни состаноци со министерствата за финансии и образование во зиминативе неколку дена. Родителите и средношколците оправдано вознемирени од неизвесноста. Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ на денешната според неа последна прес конференција е на нула, дека тие застануваат со сите активности кои се поврзани со спроведувањето на испитниот процес за полагање на Државната матура, а за тоа што ќе се случува понатака со спроведување на државната матура, ги упати медиумите да побараат одговори од надлежните министерства.

„Во овој момент штрајкот продолжува.Та е се што можам да ви кажам, ништо понатака неможам да кажам сите други информации ќе ги добиете од останатите надлежни институции.„Повеќе нема да даваме никакви решенија од наша страна. Се ова до сега беше наш апел, надеж дека навистина на владата и е битно тоа што се случува во образованието и дека и е битно да се случи државната матура.„Тоа што ние сакавме да покажеме со ваша помош е да покажеме колку е важна државната матура, колку е важен секој момент и секој еден човек. Ова се луѓето коишто работат. Имаме само 5-6 лица кои се надвор од процесот на штрајкот кои се прогласени за небитни“, – вели Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ.

Вработените во ДИЦ револтирани за тоа како има финансии за зголемување на платите на функционерите, а нема за одговорната работа, на малиот број вработени во ценатрот. После денешната средба со вицепремиерот за економски прашања, информираа дека понуден им бил К-15 кој досега не го добивале, а им следувал според колективниот договор, а понудено им било и линеарно зголемување на платите, кое и онака требаше да се случи и кое не ни било било дел од преговорите, велат од ДИЦ, потенцирајќи дека од центарот барале зголемување на платите според позициите на вработените.

„Се најдоа начини, се направија ребаланси за нивните покачувања за нивните примања за 70%-80, не можат да најдат решение за 30 луѓе коишто работат многу напроно и на повеќе одговорности во исто време. „Понудата за линеарното покачување подразбира дека половина од овие лица не би добиле воопшто. Значи не сме добиле ништо. Добивме пазарна понуда. Од таа причина ви велам дека од сега па натака, сите други изјави јавноста ќе ги добива од надлежните иснтитуции особено од Министерството за финансии коешто досега ни еднаш не се одважија да дадат одговор“, – објаснува Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ.

Министерот за образование Шаќири во текот на вчерашниот ден изјави дека државна матура мора да има и тоа во предвидениот рок. Нагласи дека првиот испит ќе се полага на 27-ми, а ако е потребно за тоа ќе се вклучат и вработените од Министерството за образование и наука.