Во пресрет на летната туристичка сезона, се одвиваат активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид.
Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови.
„На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште.„ – објави на Фејсбук Градоначалникот Кирил Пецаков.
Градоначалникот најави дека во наредниот период активностите ќе продолжат со санација на пешачката патека Канео – Лабино и со уредување на зелениот појас долж Булеварот Туристичка.
Вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.