Театарска ИМПРОВОКАЦИЈА
Утре нова ИМПРОВОКАЦИЈА – Пролетно чистење
На 13 мај (сабота), со почеток во 20:00, на мала сцена на Народен театар Охрид.
Нова ИМПРОВОКАЦИЈА во Народен Театар Охрид во сабота , 13 мај.
„ Бујрумте на пролетно чистење од негативни мисли и секојдневни проблеми. Ние сме истите, само претставата е секогаш различна.“ – ве канат импровокаторите Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски.
На 13 мај (сабота), со почеток во 20:00, на мала сцена на Народен театар Охрид во ЦК Григор Прличев – Охрид.
Телефон за резервации : 075283066, а цената на билетот е 300 денари.
Бидете дел од шоуто кое се роди пред 7 години во „керал“ и со својата оригиналност, непосредност и забава веднаш ја освои публиката и редовно се изведува.