Министерот Бесими на конференција на WTO
Министерот за економија Фатмир Бесими ќе учествува на седмата министерска конференција на Светската трговска организација, која ќе се одржи во Женева, Швајцарија.
Министерот за економија Фатмир Бесими ќе учествува на седмата министерска конференција на Светската трговска организација, која ќе се одржи во Женева, Швајцарија.
На пленарната сесија на конференцијата ќе се дискутира за „Мултилатералниот трговски систем на СТО и сегашната светска економска состојба“.
На собирот најавено е учество на министри од сите земји членки на организацијата, како и министрите од земјите набљудувачи.
Конференција се одржува на секои две години и на неа се донесуваат одлуки за сите прашања во рамките на СТО врз основа на одлуката на Генералниот совет.
Министерот Бесими во рамки на конференцијата ќе има своe обраќање и притоа ќе ги презентира предлог ставовите на Македонија по прашањата кои се предмет на преговори согласно со Одлуката на Генералниот Совет на СТО од 1-ви август 2004 година.
Бесими, како што информираат од неговиот кабинет, ќе говори на прашањата поврзани за земјоделство, неземјоделски производи, трговија со услуги, трговски аспекти на правата од интелектуална сопственост, олеснување на трговијата, преговори за правила и трговија и животна средина.
{loadposition content9}