Skip to main content

Прва македонска фудбалска лига

Новиот шампион Струга со дерби против ланскиот Шкупи за крај на сезоната

Дербито Струга -Шкупи е најава за финалето од Купот на Македонија, каде Струга ќе игра против бранителот на титулата, екипата на Македонија Ѓорче Петров.
 |  инфодеск  | 
Струга фудбал прва лига

Струга Трим Лум е новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, а историската сезона стружани ќе ја затворат во недела со ново дерби против ланскиот шампион Шкупи на домашен терен.

Струга веќе во средата го доби големото дерби против некогашниот шампион Шкендија и тоа во Тетово преку пресврт од 1:2, па повеќе од мотивирани стружани ќе го пречкаат и Шкупи за нов триумф.

Струга одигра историска сезона и стана за првпат шампион во елитата на Македонија, а стружани можат да дојдат и до двојна круна, што за нив ќе биде голем историски успех.

Дека Струга игра во „страшна” форма говори фактот што во пролетниот дел стружани „газат” се пред себе, а тоа е одлична најава за големото историско финале од Купот на Македонија, каде Струга ќе игра против бранителот на Куп-титулата, екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Доколку биде обезбедена двојната титула, тогаш во Струга тоа ќе биде голема фудбалска сензација која повеќе од сигурно ќе биде крунисана со голема прослава.