Во рамки на денешната посета на ЈЗУ Општа болница Охрид, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, разговараше со раководството на установата за претстојните предизвици како надополнување на кадарот во областа на педијатрија и набавка на нова медицинска опрема.
„Општата болница Охрид претставува пример за континуирано кадровско зајакнување. Реализирани се 32 нови вработувања и испратени 9 доктори на специјализации од различни области, со цел зајакнување на повеќе специјалистички оддели.“ – велат од Министерството за здравство.
Дефицитот на доктори педијатри е проблем во целата држава но најголем е во југозападниот регион. Како што е веќе познато, во Струга има само пет педијатри специјалисти кои ги лекуваат децата од целиот регион на Охрид, Струга, Дебар и Преспа, а детскиот оддел во Охрид повеќе од една година работи само како дневна амбуланта поради недостигот од педијатри.
Оптимистички најави: Ќе се надмине недостигот на специјалисти педијатри | Портал ТВМ (tvm.mk)