Skip to main content

Државен студентски дом „Никола Карев” Охрид

Студентскиот дом во Охрид со превентивни мерки за безбеден престој на учениците и студентите

Во соработка со СВР Охрид ќе се одржуваат едукативни предавања за учениците и студентите од страна на отсекот за превенција.
 |  инфодеск  | 
студентски дом охрид

Студентскиот дом во Охрид со превентини мерки и едукација во насока на одржување безбедна средина за сместените ученици и студенти.

Во просториите на Државниот студентски дом „Никола Карев” Охрид, на барање на директорот м-р Жарко Куциноски се одржа работен состанок со претставници на СВР Охрид, отсек превенција и Полициска станица од општа надлежност Охрид.

На состанокот беше разгледана состојбата со сместени ученици и студенти во студентскиот дом.

„Целта на овој состанок е превенирање на девијантни појави и препознавање на истите, а се со цел обезбедување на безбедна средина на учениците и студентите.” – вели директорот на студентскиот дом, Жарко Куциноски.

На состанокот било договорено одржување на едукативни предавања за учениците и студентите од страна на отсекот за превенција, во делот на јавен ред и мир и казнени дела, согласно законските прописи на Македонија.