Skip to main content

Лионел Меси ја освои Златната топка

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја освои Златната топка на списанието Франс Фудбал за најдобар фудбалер во Европа за 2009 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lionel Mesi

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја освои Златната топка на списанието Франс Фудбал за најдобар фудбалер во Европа за 2009 година.

На овој начин аргентинскиот напаѓач го сапиша своето име во историјата како првиот представник на својта земја кој го добил престижното индивидуално одлукување во фудбалот.

Покрја тоа што во последните неколку дена круже разни гласови дека неговите слаби игри во репрезентацијата ќе го исфрлат од освојување на наградата, Меси триумфираше како победник во анкетата со рекордни 473 поени од 480 можни.

Втор, со вкупно 240 поени помалце од победникот остана Кристијано Роналдо, а како што предвидувавме на третото место се најде Чави Хернандес со 170 поени и со тоа стана највисоко рангираниот фудбалер кој е роден во Каталонија.

Официјално резултатите од гласањето ќе бидат обајвени вечерва за време на гала вечерта кога лауреатот во францускиот главен град Париз ќе ја добие Златната Топка.

Аргентинскиот маестро веќе има во својата колекција огромен број на титули особено од Златната Топка бидејќи во 2007 го освои третото место, лани се најде единствено позади Кристијано Роналдо а годинава е шампион.

Меси е првиот Аргентинец, крунисан со Златна Топка. Предходно наградата ја имаат освоено Алфредо ди Стефано и Омер Сивори но и двајцата се натпреварувале во име на Шпанија односно Италија.

Lionel MesiДруго забележително постигнувасње на 22-годишниот меси е тоа што тој го подобри рекордот за најмлад носител на ова признание кој во 2001 го постави Мајкл Овен.

Уште пред гласањето Лео Меси беше сметан како главен фаворит бидејќи со Барса тој освои се што може да се освои годинава – каталонците освоија титули во Примера, Купот на Кралот, Лигата на Шампионите а во почетокот на новата сезона победија и во Суперкупот на Шпанија и во Суперкупот на Европа. За неколку дена тимот ќе има можност да стане победник и на светското клубско првенство.

„Златната топка“ има историја од 1956 година. Идеата за анкетата па воспоставил францускиот новинар Габриел Ано. Победниците се определувале од 96-членото жири, составено од коресподенти на Франс Фудбал од цел свет.

Првично наградата се доделувала само на Европјани но од 1995 година за неа можат да се борат сите фудбалери кој играат во европски клубови. Лионел МЕси е седмиот фудбалер на Барселона кој ја освоил оваа награда. Пред него тоа му усмеа на Луис Суарез, Јохан Кројф, Христо Стоичков, Роналдо, Луис Фиго и Роналдињо.

Пласман во анкетата за Златна Топка за 2009 година

1. Лионел Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Чави Хернандес
4. Андрес Иниеста
5. Самуел Ето
6. Кака
7. Златан Ибрахимович
8. Вејн Руни
9. Дидиер Дрогба
10. Стивен Џерард
11. Фернандо Торес
12. Сеск Фабрегас
13. Един Џеко
14. Рајан Гигс
15. Тиери Анри
16. Луис Фабиано
17. Немања Видиќ
18. Икер Касиљас
19. Диего Форлан
20. Гурков