Куп во Охрид: Вардар ја одбрани титулата, ЖРК Куманово по третпат шампион
Во драматичен натпревар Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 26:25 и го одбрани Куп-трофејот пред околу 2.000 гледачи.
Купот на Македонија се играше во Охрид во СРЦ „Билјанини Извори”, а Вардар 1961 останува на тронот по драматичното финале. Вардар 1961 го доби големиот ривал за 16-ти Куп-трофеј во историјата и ја продолжува доминацијата во однос на Еурофарм Пелистер.
Ова беше трета победа по ред за Вардар 1961 над Еурофарм Пелистер во натпреварите за Куп-титулата.
Кај Вардар 1961 најдобри стрелци беа Куни Моралес и Леонардо Дутра со по седум гола, а пак кај Еурофарм Пелистер со по пет гола најдобри беа Усама Хосни и Мохамед Суси.
Во женската конкуренција Куманово по третпат го крена трофејот во Купот на Македонија, откако во драматичен меч славеше против ЖФК Вардар со 31:32.
Финалето одиграно во Охрид во СРЦ „Билјанини Извори” понуди голема битка, многу пати ракометарките на Вардар се враќаа, но на крај, не направија изненадување против одличниот ривал.
Алмеида Коста Андреза беше најдобра кај ЖРК Куманово со 11 погодоци, а пак кај ЖРК Вардар најдобра беше Сара Стефановска со еден гол помалку.