Во Охрид облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд
Времето утре во Македонија променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната дневна до 17 степени целзиусови.
Времето во следните денови: До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.


