„Стандардна„ изведба на шахти за украс
Проблеми за жители на улица „Будва“ и по нејзината реконструкција. Тие во рубриката ТиСиТвојотГрад се жалат дека шахтите на кракот што излегува на булевар Железничка, кој неодамна беше асфалтиран, се лошо изведени и не си ја вршат функцијата. Деновиве поради врнежите од дожд улицата е мини езерце.
„Новоизградена дисфункционална улица во поглед на тотално нефункционални шахти !! Секој дожд исто- мини езеро!! Среќа што добивме 50см тротоар па некако кога немаТ сообраќај имат шанси со трчање да избегниш капење!„ – велат жители на тој потег од Будва.
Испратија фотографии и видео во ТиСиТвојотГрад и објаснуваат дека шахтите се полни со асфалт и шут. Како ги поставија, повисоко отколку што е потребно, така и ги оставија, додаваат граѓаните.
„За дојава кај одговорните е вистински процес! На секое јавување добиваш насока кон следен број и така натаму……..дури не преврнит!!“ – велат жителите кои бараат нивелирање и чистење на шахтите за да можат нормално да се движат по улицата и да стигнат „суви“ до своите домови.